Османи: Очекувам успешност на референдумот, граѓаните ја сватија сериозноста

Османи: Очекувам успешност на референдумот, граѓаните ја сватија сериозноста

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) -  Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во проширување на ЕУ има фундаментално значење за успешност на процесот, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со сенатор во францускиот Сенат и претставник на француските државјани кои живеат надвор од Франција Оливие Кадик.

Како што соопштија од СЕП, Османи на средбата потенцирал дека земјите од Западен Балкан и Европската Унија заеднички тежнеат кон постабилна и побезбедна Европа во целина, при што не само Македонија туку и земјите од регионот ги поддржуваат заложбите на Франција за покохезивна, функционална и поодржлива ЕУ.

На средбата биле отворени темите поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, особено подготовката на тимот и структурата за преговори, како и за предизвиците поврзани со имплементацијата на Договорот од Преспа и претстојниот референдум.

Посетата на Кадик , Османи  ја оцени како потврда за интересот и посветеноста на Франција во поддршката на евроатлантските аспирации на нашата земја.

Османи го информирал гостинот од Франција дека очекува успешност на референдумот и дека граѓаните ја сфатиле сериозноста на оваа одлука и воедно очекува зрело однесување од сите политички претставници во земјата, кои нема да ја пропуштат оваа неповторлива шанса за да ѝ помогнат на сопствената земја и на сопствените граѓани. бк/сд/16:13

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ