• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Заев-Кадик: Поддршка за успешен референдум и за интеграциите на Македонија

Заев-Кадик: Поддршка за успешен референдум и за интеграциите на Македонија

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев, попладнево се сретна со Оливие Кадик, француски сенатор и претставник на француските државјани надвор од Франција, придружуван од францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние.

- Ве поддржуваме на патот кон интеграциите, побрзајте, е пораката што ја пренесе францускиот сенатор Кадик. Тој оцени дека претстојниот референдум во Македонија е премин кон продолжување напред, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев рече дека очекува успешен референдум во Македонија.

- Верувам дека референдумот ќе успее, затоа што големо мнозинство од граѓаните во Македонија е за членство на нашата држава во НАТО и ЕУ. А сите граѓани сакаат и заслужуваат квалитетен живот во својата родна земја, што ќе го овозможат тие интеграции, рече Заев.

Тој се заблагодари за поддршката што Франција и ја дава на Македонија во интеграциските и демократските процеси и упати поздрав до претседателот на државата, Макрон.

- За нас поддршката од пријателите од меѓународната заедница е голема мотивација во нашата определба да продолжиме напред и да се интегрираме во сојузите на демократскиот свет, рече премиерот Заев.

На состанокот, амбасадорот Тимоние го поздрави начинот на којшто Македонија ги реши билатералните прашања со соседите, во интерес на стабилноста, безбедноста и перспективите на целиот регион и изрази надеж дека ваквата пракса ќе биде охрабрување за сите држави од регионот.

На средбата е изразена заедничка согласност за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. нд/20:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ