Пречек на канцеларката Ангела Меркел на платото пред Владата (видео)

Пречек на канцеларката Ангела Меркел на платото пред Владата (видео)

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Со сите државни почести, на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречекува германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Меркел воедно е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.

Нејзината еднодневна посета е со цел да и даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа, но и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија.

За деталите од средбата по еден час во холот на Владата ќе се оддржи заедничка прес конференција на македонскиот премиер и германската канцеларка. бак/сд/11:42

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ