• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Со евергрини и електронска музика ќе биде одбележан Денот на независноста

Со евергрини и електронска музика ќе биде одбележан Денот на независноста

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Со забава на отворено во дворот односно во паркот покрај зградата на Владата во 18:30 часот почнува одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста. 

Најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд. Забавно-музичкиот дел за возрасните ќе почне во 19:30 часот и ќе трае до 23.30 часот. Оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, соопшти владината прес-служба

Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Музичкиот дел од програмата ќе продолжи со Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин кои ќе се претстават со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс. Во завршницата на музичката програма ќе настапат и познатите домашни ди-џеи, Феки Фарис и Огнен Узуновски - Оги.

Владата на Република Македонија ги кани сите граѓани да бидат дел од големата прослава на овој наш празник, стои во соопштението од владината прес-служба. рп/мд/18:09

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...