• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во октомври решенијата од Советот за реформи во правосудството

Во октомври решенијата од Советот за реформи во правосудството

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Во октомври ќе се гласаат решенијата кои ќе произлезат од работата на Советот за реформи во правосудството, а потоа ќе се реализира и нивната имплементација, истакна денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашања на прес-конференцијата во Владата на РМ.

Тој рече дека за него како претседател на Владата е многу важно брзо да се донесат усогласени и адаптиртани законски решенија.

- Очекувам дека во октомври ќе се гласаат тие решенија, но најважна е имплемантацијата. Таа зависи од секој поединец во правосудството, почнуваќи од судиите, обвинителите, стручните соработници, а транспарентноста и независноста е следниот чекор кој го очекуваме од секој судија и обвинител за да можеме да очекуваме и независно судство и комплетна контрола од страна на граѓаните и правосудните органи во државава, истакна Заев уверуваќји дека идните реформи ќе придонесат за сериозно зголемување на довербата на граѓаните во правосудството.

Премиерот рече дека довербата ќе се зголеми и доколку ниту еден судија не зависи од политичар, како што се случувало во минатото и дека во втората фаза на реформите ќе има отчетност и мониторинг на сите заинтересирани во државата, каде секоја судска  пресуда јавно ќе се објавува, а граѓаните ќе можат да даваат дирекни коментари на работата. бк/ац/15:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...