• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Министерот за дијаспора Адеми на средба со жителите на Центар Жупа

Министерот за дијаспора Адеми на средба со жителите на Центар Жупа

Центар Жупа, 9 септември 2018 (МИА) – Триесетти септември  е историски момент и ден на историска одлука што самите граѓани треба да ја донесат, онака како што на 8 септeмври 1991 година, таа генерација, која тогаш можеше да одлучува на референдумот, одлучи не само за себе, туку за нас кои не можевме во тоа време да гласаме.

Ова го порача министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, по средбите што денеска ги оствари со жители на повеќе населени места во општина Центар Жупа.

Посочи дека во подеднаква, иста ситуација сме ниe, на 30 септември да одлучуваме не само за нашата иднина туку и за идните генерации.

-Тука во Центар Жупа  го гледам подеднакво истото тоа расположение на граѓаните кои ја знаат важноста на  референдумот, разбираат што значи тоа за Македонија но и за нив и за сите граѓани на Република Македонија за поквалитетен живот, поквалитетно образование, подобри плати, подобри работни места, животна средина, инфраструктура. Верувам дека на 30 септември нивниот глас ќе биде позитивен и дека ќе ја прифатат на некој начин одговорноста да решат за иднината на Република Македонија, изјави Адеми.

Според него денеска во 21 век патриотизам не е да се бега од одговорност, патритизам е да се превземе одговорноста за иднината и на државата и на граѓаните, да се овозможи подобар и поквалитетен живот  за сите граѓани.

- Кога единаесет години повикувате дека на референдум граѓаните ќе го дадат својот збор денеска на 20-тина дена пред референдумот, вие да немате став што ќе правите не е патриотиозам,тоа е кукавичлук и бегање од превземање на одговорност. Тоа нема врска ни со политика, ниту со патритизам.  Едноставно патриотизам денеска е носење одлуки во интрес на граѓаните,во интерес на државата   и овозможување квалитетен живот за сите, порача министерот Адеми.

Жителите на Центар Жупа, Броштица, Елевци и други населени места во оваа општина, од каде во западно еропските земји има повеќе од пет илјади граѓани, го наведоа токму тој факт дека добро знаат како е да се живее и работи во земји членки на ЕУ. Тие ветија дека на денот на рефрендумот ќе го дадат својот глас за европска Македонија. вт/бк/15:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ