• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Заев со порака до младите: Пред вас е предизвикот да обезбедиме европска иднина

Заев со порака до младите: Пред вас е предизвикот да обезбедиме европска иднина

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Пред вас младите е предизвикот да донесеме уште една правилна одлука и да обезбедиме европска иднина за Македонија, им порача премиерот Зоран Заев на младите социјалдемократи кои денеска избираа нов претседател.

Нашата Македонија е на јасен пат. Време е за уште една правилна одлука. Знаете што носи членството во ЕУ и НАТО. Знаете дека носи безбедност и стабилност на државата, но и современо образование, модерни студентски домови, униевризтети, школи, носи нови инвеститори кои сакаат предвидлива клима за инвестирање, нови работи места, повисоки плати, шанси за свои бизниси, шанси за успех, шанси за живот, во родната земја. Ајде израдувајте ги родителите со вашата зрелост, одржете лекција на скептичните, покажете што значи патриотизам и како се сака Македонија, со срце, рече Заев.

Додаде дека Македонија се интегрира во светот со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

- За европска Македонија може да се избори и ќе се избори само европска младина. А Македонија има европска младина. Тоа е секој млад човек во нашата држава, рече Заев, истакнувајќи дека младите луѓе се оние кои одлучуваат за нивната иднина. бак/17:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ