• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Шапуриќ: Членство во ЕУ и НАТО значи прогрес за Македонија

Шапуриќ: Членство во ЕУ и НАТО значи прогрес за Македонија

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните компании Зоран Шапуриќ денеска оствари работна средба со Јасна Габриќ-членка на Советот на региони на ЕУ и претставник на заедничкиот конултативен комитет на Советот на региони за Република Македонија и Јохана Линдблом-заменик генерален секретар задолжена за институционални врски во Советот на Региони на ЕУ.

Министерот Шапуриќ, како што соопшти неговиот кабинет, ги запознал гостите со неговите активности за подршка на домашните претпријатија и посочи дека растот на БДП во вториот квартал од 3.1 отсто покажува дека македонската економија континуирано расте и дека домашните и странските компании како резултат на економската активност на Владата и стабилизираните политички процесе, се охрабрени да инвестираат во државата. Министерот напоменал дека очекува овој процент да продолжи да расте по успешен референдум на 30-ти септември.

Министерот ги запознал соговорниците со политичката состојба во Македонија и значајноста на престојниот референдум за евроатлантската иднина на Македонија. Напоменал дека очекува граѓаните да ја препознаат историската шанса која е пред нив и очекува значајно подобрување на деловната клима со влегувањето во НАТО и отварањето на пристапните преговори со ЕУ.

На средбата Габриќ и Линдблом изразиле целосна подршка на аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Тие, посебно се фокусирале на улогата на Советот на региони на ЕУ и значајноста на ова тело за рамномерен регионален развој.

Јасна Габриќ воедно е и градоначалника на општина Трбовје од Словенија, и ги сподели позитивните искуства кои ги имаат локалните самоуправи на Словенија по нивниот влез во ЕУ, пред сè пристапноста на фондовите за регионален развој. дма/са/15:20

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ