• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Адеми и Шалваринов во посета на Словенија и Италија

Адеми и Шалваринов во посета на Словенија и Италија

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од денеска до 17 септември, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов ќе престојува во работна посета на Словенија и Италија.

Работната посета на Словенија ќе се реализира од 11 до 13 септември. Утре тој ќе биде примен од словенечкиот претседател Борут Пахор, а потоа ќе се сретне со претседателот на словенечкото Собрание, Дејан Жидан.

Билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите во повеќе области од взаемен интерес, интеграциските процеси на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и актуелните политички состојби во нашата земја, особено околу динамиката за подготовките за одржувањето на референдумот во нашата земја и други прашања од регионот и пошироко во светот ќе бидат темите на кои ќе се разговата на средбите.

За време на престојот на министерот Адеми во Република Словенија, ќе се реализираат и средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Република Македонија во градовите Љубљана и Копер.

Посетата на Италија ќе се реализира од 14 до 17 септември, во рамките на која Адеми ќе ги посети Трст, Тревизо, Бреша, Пијаченца и други градови и ќе оствари средби со претставниците на здруженија и асоцијации на македонската дијаспората во северниот дел на Италија.

Адеми во Трст ќе учествува на настанот „Европски дијалог и земјите од ЈИЕ” при што ќе им се обрати на присутните на тема: „Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција околу името, ЕУ и НАТО интеграциите и меѓунационалните односи во нашата земја“.

Адеми во Словенија и Италија ќе има средби и со локалните власти и други видни личности од повеќе области, се со цел унапредување на врските на нашите претставници на дијаспората и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во овие две пријателски земји. ац/са/07:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...