• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Владата ќе ја одржи 88-та седница

Владата ќе ја одржи 88-та седница

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 88-та седница. 

Како што соопшти владината прес-служба на предлог на Генералниот секретаријат на Владата, на седницата ќе биде разгледана предлог стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 -та година.

Министрите денеска ќе дебатираат и за информацијата за националниот акциски план за отворено владино партнерство со предлог национален акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020- та година.

На предлог на Министерство за труд и социјална политика, дел од точките на седницата е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

На дневен ред на 88-мата седница е и Предлог - законот за јавните набавки, предложен од Министерството за финансии.

Владата, како што се наведува во соопштението, денеска ќе расправа и за информација на Министерството за здравство, со акциски план за сексуално и репродуктивно здравје 2018-2020-та година. ев/скс/09:32

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ