Тасевска:Со договорот го расчистуваме патот за НАТО и почеток на преговори со ЕУ

Тасевска:Со договорот го расчистуваме патот за НАТО и почеток на преговори со ЕУ

Куманово, 11 септември 2018 (МИА) - Со договорот со Грција го расчистуваме патот за влез во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, рече меѓу другото на денешната прес-конференција на градскиот плоштад во Куманово, пратеничката во Собранието на Македонија, Лидија Тасевска.

Договорот, посочи таа, го гарантира правото да се определуваме како Македонци, а според член 7 од договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со своја историја, култура, наследство.

- Според член 7 од договорот, македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на земјата. Со договорот, македонскиот јазик станува официјален во најголемиот сојуз на светот НАТО и во најголемата унија- ЕУ, изјави Тасевска.

Таа истакна дека македонско-грчкиот договор постигнат преку тешки преговори и оти  е договор за иднината и најдобро можно прифатливо решение за граѓаните на Македонија.

Тасевска ги покани кумановци да присуствуваат на утрешниот граѓански митинг на градскиот плоштад со почеток во 20 часот, на кој ќе зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев. ам/цр/14:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...