Хашим Тачи во Скопје на средба со Заев

Хашим Тачи во Скопје на средба со Заев

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев. 

Владината прес-служба информираше дека Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји. 

По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер. хс/лв/07:34

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ