• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Заев: Дебата со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Заев: Дебата со Мицкоски штом каже дека е против бојкот на референдумот

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) – Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето. Штом тоа ќе го каже, веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Ваквите ставови дефинитивно ја ставаат во заблуда иднината на Македонија.

Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање како ги коментира поканата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ТВ дуел и неговиот став секој да гласа по сопствено убедување на претстојниот референдум.

- Иднината на Македонија заслужува секогаш да се разговара за тоа прашање и од тој аспект бојкотирањето на иднината на Македонија не претставува никаков основ да се седне да се разговара, рече Заев на зедничката прес-конференција во Владата со косовскиот претседател Хашим Тачи.цр/са/12:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...