Могерини утре на средби во Скопје

Могерини утре на средби во Скопје

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) – Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утре ќе престојува во Скопје каде ќе одржи средби со македонскиот државен врв.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Турската Чаршија, каде ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за “иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.

Високата претставничка потсети дека го поздравува “историскиот договор“ постигнат со Грција за името и дека ЕУ ја поддржува земјата, согласно “зајакнатата заложба на ЕУ на Западниот Балкан“.

Посетата на Могерини е во пресрет на референдумот закажан за 30 септември на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа. вг/ев тм/вг/18:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...