• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Џафери се сретна со делегација на Светската организација на Ромите

Џафери се сретна со делегација на Светската организација на Ромите

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери оствари средба со делегација на Светската организација на Ромите, предводена од претседателот и амбасадорот за мир, Јован Дамјановиќ, заменик-претседателот Дејвид Романо и членот на Комисијата за европски прашања Ивица Петровиќ.

Претседателот Џафери, посакувајќи им добредојде на гостите во Собранието истакна дека Република Македонија е држава која придава особено внимание на статусот на Ромите. Тој посочи дека има аспекти кои треба да бидат препознаени како успешен пример, но и дека како претставници на народот имаат уште доста работа за да се задоволат сите аспекти на живеењето на ромската заедница во општеството, особено нагласувајќи ги сферите на образование, инфраструктура, здравство.

Дамјановиќ рече дека му претставува задоволство што е во Република Македонија, држава чии граѓани уште одамна ги прифатиле Ромите како еднакви сограѓани, држава која е единствена во регионот со ромска општина, држава која е редок пример и за многу поразвиени држави во Европа, заради фактот што одамна има пратеник од Ромската заедница во своето Собрание.

Џафери средба Роми

Дополнително, тој се осврна на намерата за формирање на Европска Ромска партија, за чиј претседател е номиниран Амди Бајрам, како човек кој е долги години гласноговорник, чинител и инспирација за младите Роми во светот каде треба и да се стремат. Дамјановиќ нагласи дека основањето на партијата и именувањето на нејзиниот претседател, ќе бидат официјализирани на конгрес на кој ќе учествуваат претставници на Ромите од над 25 земји.

Претседателот Џафери им посака успех во работата на гостите, истакна дека Бајрам ја има поддршката од него и од Собранието и изрази задоволство што токму пратеник од Собранието на Република Македонија е номиниран за претседател. вј/дма/17:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...