Во Гевгелија активности за безбедност на мотоциклисти

Гевгелија, 20 јуни 2014 (МИА) - Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Гевгелија, во соработка со мото клубот „Ретки птици“ се вклучи во акцијата „Недела на безбедност на мотоциклистите“ со повеќе активности.

Овластени службени лица од полициската станица во Гевгелија на мотоциклистите им одржаа предавања за нивно правилно однесување во сообраќајот, а на локалните медиум беа реализирани емисии во кои настапија претставници од полицијата, од ОСБСП и од локалниот мото клуб „Ретки Птици“. Тие дебатираа за подобрување на условите и можности за рамноправно учество на мотоциклистите во сообраќајот преку подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот.

Активностите завршија денеска на пладне со парадното дефиле на мотоциклистите кое се одржа низ улиците на Гевгелија, под мотото „Да видите колку не има“.им/лв/13:57


###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...