Донации за санација на планинарскиот дом „Копанки“

Донации за санација на планинарскиот дом „Копанки“

Битола, 1 август 2018 (МИА) - Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“-Битола, пет години по пожарот и целосното уништување на планинарскиот дом „Копанки“ почна акција за собирање донации и враќање на планинарскиот дом во првичната состојба.

Акцијата за обнова на изгорениот Дом „Копанки“ ја почнаа членовите на ПСК „Пелистер“-Битола со сопствени сили и средства кои пристигнуваат од членовите, граѓаните и бизнис заедницата на Битола, но има и донатори од странство, вели Симе Алушевски, член на ПСДК „Пелистер“-Битола.

- Со волонтерски ангажман извршивме и завршивме со расчистување на теренот, а потоа пристапивме кон зацврстување на структурата на Домот, односно ѕидовите, а изведени се и одредени бетонски работи. Активностите ги отежнува теренот каде се наоѓа планинарскиот дом „Копанки“ до кој нема пристапен пат, а тоа пак ја попречува доставата на материјали. Но иако на планината Баба градежната сезона заради временските услови кратко трае, сепак ќе успееме да ги поставиме основите за реализација на проектот „Копанки“, истакна Алушевски.

Претседателот на ПСК „Пелистер“-Битола, Димче Попов информира дека акцијата за обнова на Домот „Копанки“ се реализира под мотото „Сите за Копанки – Копанки за сите“.

- Во ова мото содржана е основната идеја планинарскиот дом „Копанки“ кој се наоѓа на надморска височина од 1610 метри, да остане тоа што секогаш бил, односно од денот на неговата изградба во 1938 година до денот на опожарувањето, да биде планинарски дом отворен и достапен за сите, потврди Попов.

Собирањето донации за санација на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер се врши на јавна денарска и девизна жиро сметка, на која веќе се одзвале и граѓани кои не се планинари но ја поддржуваат традицијата, посочуваат од ПСК „Пелистер“-Битола. мт/дма/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...