• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Протест на жителите на светиниколското село Кадрифаково

Протест на жителите на светиниколското село Кадрифаково

Штип, 1 август 2018 (МИА) - Жителите на светниколското село Кадрифаково денеска прв ден излегоа на протест кај новиот надвозник на автопатот Штип - Миладиновци што треба да ги поврзе со соседните села и новиот автопат. Бараат измена на трасата, зашто надвозникот, велат, минува низ нивните дворови и ќе им ги урне шталите и дел од куќите.

Жителите стравуваат и дека новиот надвозник ќе ги остави без вода за пиење поради што, едно од барањата е да се изгради автобуска постојка што ќе ги  поврзува со соседните градови.

Според Љупчо Марков, жител на Кадрифаково, трасата на новиот надвозник поминува низ неговиот двор, а градежната компанија што го гради, поставила и колци без да го информира.

- Без никоја да ме информира исколчиле, стравувам дека кога ќе се изгради и стави таа земја ќе ми се урне штала и куќата, а исто така ќе немат ниту излез, ниту влез на улицата, вели Марков.

кадрифаково надвозник

 

Запро Пандазиев од Кадрифаково смета дека првобитниот проект за надвиозникот бил подобро решение. Требал да завршува на регионалниот пат, а не да оди до крајот на селото.

Како што информира директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов, надвозникот се работи по едниот и единствен проект, а барањето за автобуска постојка на автопат е невозможно, согласно законот, бидејќи според стандардите за изградба и функционирање на автопат не се градат автобуски постојки. Оваа постојка, рече, ќе биде изградена на регионалниот пат.

Китанов очекува изградбата на автопатот Штип - Миладиновци да финишира до крајот на септември, а во октомври да биде пуштен за сообраќај. вдј/мч/14:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ