• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Во Велес чествување на двата Илиндена

Во Велес чествување на двата Илиндена

Велес 2 август 2018 (МИА) - Општина Велес и Сојузот на борци од НОАВМ-Велес по повод Денот на Републиката-2 август и двата историски Илиндена - 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ утрово организараа чествување на празникот. 

По тој повод делегација на општина Велес, на Сојузот на борци, на институции, организации, политички партии и граѓани утрово положија цвеќе и оддадоа почит на Панко Брашнар пред неговиот споменик во новиот дел на Велес.

Тие положија цвеќе и оддадоа почит и на велешките Илинденци пред споменикот на Коњаникот во центарот на градот.

Присутните делегации и граѓани потоа се упатија кон Спомен-костурницата на загинатите борци од НОВ каде исто така положија цвеќе и се поклонија на сите борци загинати за Македонија низ историјата до денес.

Свеченоста беше збогатена и со стих за Илинден-рецитал во изведба на Друштвото на писателите „Коста Солев Рацин“. ад/мд/09:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...