• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Честитка од МД „Илинден“ по повод Илинден

Честитка од МД „Илинден“ по повод Илинден

Дебар, 2 август 2018 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод 2 Август - Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до сите Македонци ширум светот.

- Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Република Македонија,втори август и двата историски Илиндена, 115 години од Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна Република Македонија, стои во честитката.

Како што се додава, Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

- Да го почитуваме и славиме  Денот на двата ИЛИНДЕНА, со почит, гордост и достоинство,како што му прилега на овој голем ден, е наведено во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо Или Халилај. вт/мч/11:10

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ