Охрид ги чествува двата Илиндена

Охрид ги чествува двата Илиндена

Охрид, 2 август 2018 (МИА) - Градот Охрид денеска ги чествува двата Илиндена со положување цвеќе пред паметниците на Илинденците и на учесниците во НОБ што загинаа во Втората светска војна.

Во знак на одбележување на Денот на Републиката градоначалникот Јован Стојаноски положи цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците во Градскиот парк.

Празничната свеченост беше збогатена со историски час што по повод јубилејот го одржа професорот по историја Ристе Николески. Цвеќе пред споменикот положија и граѓани и личности од општествениот и политичкиот живот во градот.

Делегација на општина Охрид цвеќе положи и пред пред спомен-обележјето на паднатите борци во Востанието на Рашанец и на загинатите во НОБ во селото Плаќе и кај Прентов мост. Цвеќе положи и делегација на Сојузот на борци од Охрид.

Во рамки на илинденските празнувања и верскиот празник Свети Илија во Плаќе се организира и сенароден собир со богата културно уметничка програма. аб/мд/13:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ