• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Комуналец“ почна санација на урбаната опрема во паркот во Струмица

„Комуналец“ почна санација на урбаната опрема во паркот во Струмица

Струмица, 3 август 2018 (МИА) - Одделението „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во Струмица денеска почна со акција за санација на урбаната опрема во Градскиот парк. 

Се санираат клупите за седење, но и опремата во детските иралишта во паркот.

Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да ја чуваат и да се грижат за обновената урбана опрема и детските игралишта, за да може да останат во употреблива состојба.

Инаку, од почетокот на годината се евидентирани повеќе уништувања на урбаната опрема во центарот на Струмица, но досега сторителите не се откриени. рт/рп/13:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ