• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Триесет организации почнаа кампања за бојкот на референдумот

Триесет организации почнаа кампања за бојкот на референдумот

Скопје, 5 август 2018 (МИА)Триесет организации потпишаа денеска Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, а се предводени од Јанко Бачев од Единствена Македонија. 

Во кампањата што ќе пропагира бојкот на референдумот се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.

Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум. ац/мч/13:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ