• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Работилница за улогата на младите од руралните средини за поддршка на евроинтеграцијата

Работилница за улогата на младите од руралните средини за поддршка на евроинтеграцијата

Делчево, 5 август 2018 (МИА) - Во рамките на проектот „Rural youth assisting Macedonia in EU integration“ во Делчево ќе се спроведе „Работилница за врсничка едукација за ЕУ и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија“.
 
Проектот има за цел да ги зајакне способностите на младите од источниот и југоисточниот плански регион и нивните организации за нивен активен придонес кон совладување на предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на евроинтеграција.
 
Како што изјави Валерија Соколова од Регионален центар за застапување - Делчево, основна цел и задачи на работилницата се унапредување на знаењата на младите од Делчево, Виница и Пехчево и неговата околина за Европската унија и европските политики, критериумите за влез во ЕУ на земјите со статус кандидат за ЕУ, како и за улогата на младите од трите града во помагање на процесот на евроинтеграција на Македонија.
 
- Работилницата се очекува да придонесе кон подобра информираност на младите за Европската унија, нивно мотивирање и зајакнување на свеста за потребата и моќта на активното придонесување на младите од Делчево Виница и Пехчево, кон успешна евроинтеграција на Р. Македонија, рече Соколова.
 
Настанот ќе се одржи на 13 август, а наменет е за учесници од општина Делчево, Виница и Пехчево кои се на возраст од 16 до 29 години. вс/вг/15:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...