• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Одбележување на Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Одбележување на Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - По повод Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје ќе биде одржана комеморација.

Комеморација во знак на сеќавање на жртвите од овој геноцид ја организираат министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и здружението на граѓани „Ромаверзитас“.

Сеќавањето за геноцидот врз Ромите од Втора светска војна ќе биде и низ изложба на фотографии и со читање поезија.вг/са/08:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ