Нивото на реката Треска пет пати повисоко од просекот

Нивото на реката Треска пет пати повисоко од просекот

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Пет пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно се зголемени нивоата на реката Пчиња кај Катлановска бања и на Црна река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Двојно зголемување на нивоата, пак, има на реката Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. 

Нивоата на Охридското и Преспанското езеро се во рамки на августовскиот просек, а минимално зголемување има на нивото на Дојранското Езеро. рп/сд/11:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ