Штипски „Исар“ ќе издава дуќани на Градскиот пазар

Штипски „Исар“ ќе издава дуќани на Градскиот пазар

Штип, 6 август 2018 (МИА) - Штипското комунално претпријатие „Исар“ ќе издава под наем седум дуќани на Градскиот пазар, истакна денеска директорот на претпријатието, Живко Тасев.

Заинтересираните можат да конкурираат од денеска, а огласот ќе трае до 20 август. Дуќаните се издаваат на период од четири години.

- Четири дуќани се поголеми со површина од 16,16 м/2 и се со почетна цена од 8.000 денари, а три се помали од 14,45 м/2 и се со почетна цена од 8.200 денари. Аукцијата ќе се одржи на 23 август, а за сите информации околу документите лице за контакт е Соња Китанова, а околу дуќаните информации може да се добијат од Благојчо Зашов и Ирена Илива, рече Тасев.

На Градскиот пазар во Штип има 14 дуќани, кои беа изградени пред две години кога се изврши реконструкцијата на пазарот, а инвестициајта чинеше 110.000 евра. вдј/рп/16:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ