Анкета МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

Анкета МЦМС: Мнозинство граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот, поддршка би дале 41,5 процент

Скопје, 7 август 2018 (МИА) - Поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договрот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 1 август 2018 година.

Мнозинството анкетирани 66,4 отсто изјавиле дека ќе излезат да гласаат на референдумот, додека 19,8 отсто се веќе определени да се придружат на иницијативите за бојкот на референдумот. 11,9 проценти се уште немаат одлучено.

Според резултатите кај Македонците поддршка би дале 27,4 проценти, додека против би биле 45,2 проценти. Кај етничките Албанци „за“ би се изјасниле 88 проценти, а против 2,2 проценти. Поддршка поголема даваат младите 49,2 проценти, а во однос на партиската припадност очекувано големи мнозинства на симпатизерите на најголемите две партии се во линија со партискиот став 75 отсто од тие на СДСМ се „за“, а 68 отсто од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се „против“, но поголемо отклонување има кај СДСМ 14,6 отсто нивни симпатизери ќе гласаат „против“, наспроти 4,7 отсто од тие на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат „за“. Дополнително, 20,6 отсто од тие на ВМРО-ДПМНЕ изјавиле дека нема да излезат на гласање.

За разлика од анкетата спроведена во април, сега нема голема разлика во однос на тоа дали во референдумското прашање се споменуваат ЕУ и НАТО или не. Во тој случај – без ЕУ и НАТО во прашањето „за“ се 39,8 отсто, а „против“ би гласале 35,7 отсто.

Без оглед на исходот на референдумот, недвосмислена е поддршката за членство на Република Македонија во ЕУ (80,4 отсто) и НАТО (79,9 отсто).

Анкетата покажува дека иако 84 отсто од испитаниците изјавуваат дека се запознаени со Договорот, степенот на запознаеност со неговите одредби варира од нешто помалку од 20 отсто кои сметаат дека се целосно запознаени, до 28 отсто кои се само делумно или воопшто не се запознаени со Договорот.

На контролното прашање – испитаниците да посочат како во Договорот е дефинирана националноста (државјанството), само 17 отсто го навеле точниот одговор (Македонци/граѓани на Република Северна Македонија).

Поголем дел од испитаниците не се согласни (делумно или целосно) со неколку од клучните одредби на Договорот. Против промената на името во Република Северна Македонија се 53,6 отсто наспроти 42,3% кои се согласни со промената. Слично е и со дефиницијата за државјанстовото (nationality) каде несогласни се 56,2 отсто, а согласни 38,3 отсто. Најголема е несогласноста со опсегот на употребата (ерга омнес) со 57,1 отсто наспроти 35,5 отсто кои се согласни и за промената на Уставот  - 58,9 отсто наспроти 35,1 отсто.

Големо мнозинство од анкетираните 74,2 проценти даваат поддршка за решението за македонскиот јазик наспроти 20,6 отсто, како и со задржувањето на кодовите МК и МКД - 83,9 отсто.

И покрај поголемото незадоволство од поединечните клучни одредби (7 наспроти 2 за кои има мнозинска поддршка), на прашањето за согласност со договорот како целина, вкупно 49,1 отосто искажале согласност (кумулативно од целосна - 34,3% и делумна - 14,8% согласност), додека несогласност изразиле 46,8 отсто од испитаниците.

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани телефонски (CATI) во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на повеќеслоен стратификуван примерок од 1026 испитаници постари од 18 години.скс/са/17:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...