• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Во Прилеп почна одбележувањето на 17-годишнината од Карпалак

Во Прилеп почна одбележувањето на 17-годишнината од Карпалак

Прилеп, 7 август 2018 (МИА) - Со положување свежи цвеќиња пред споменикот во прилепската касарна „Мирче Ацев“ започнаа чествувањата по повод 17 години од загинувањето на 10-те бранители од Прилеп во месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога на 8 август 2001 во заседа беше пресретнат конвојот на АРМ. Пред споменикот во касарната се поклонија членовите на семејствата на загинатите, соборците, претставници на АРМ, на локалната самоуправа, на здруженија, партии и граѓани.

Оддавајќи им почит на загинатите бранители-воени резервисти од прилепската касарна, потполковник Славчо Кузманоски, заменик-командант на гарнизонот, рече дека кога недобронамерниците посегнаа по ова парче земја, прилепчани застанаа во одбрана на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Никогаш нема да се заборават, ќе потсетуваат на родољубието и на тоа никогаш да не се повтори.

- Нашите војници Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко, припадници на резервниот состав на единицата, како лојални и чесни граѓани, ја исполнија својата света должност положувајќи ги своите животи на браникот на татковината. Тагата и болката остануваат особено кај најблиските, но останува и гордоста што беа дел од нашата единица. Ние не потклекнуваме. Трагизмот на настаните ќе го преточуваме во спомените и на страниците на историјата, која на поколенијата ќе им ги пренесува сликите на настаните, но и доблестите и родољубието на чуварите и бранителите на сопствените огништа, на мирниот сон на нашите најмлади и на достоинствените вредности на човекот. Нека ваквите чествувања не обединат и сплотат, без разлика на припадноста по  која било основа. Останува обврската, наша, и на идните поколенија и генерации споменот да го чуваме, да го негуваме, да се сеќаваме на 2001-та година и да не дозволиме да се повтори, истакна потполковник Кузманоски.

Присутните на чествувањето ја посетија спомен-собата во касарната на Петтата прилепска народноослободителна бригада каде се и спомените на загинатите бранители. Макјата на загинатиот Пецо Секулоски вели дека тагата останува вечно.

- Секој ден е потсетник дека го нема, празнината е голема, болката и тагата остануваат со нас до крајот. Само велам - никогаш ова повеќе да не се случи, вели Секулоска.

Возачот на изгорениот автобус во кој беа прилепските бранители, Ацо Јованоски-Реган по којзнае кој пат го повторува најбитното, како што вели, барање.

- Барањата секогаш се многу. Но, најбитно е да се подигне споменик на месноста Карпалак. Тоа се уште не е направено, рече Јованоски.

Стојанче Ангелов, национален координатор на македонските бранители во Владата, вели дека во 2001-та се донесе закон кој ги ослободи од здравствено осигурување воените инвалиди од конфликтот. Но, иако здружението „Достоинство 2008-та предложи закон тоа да важи за сите бранители, тогашната влада не го донесе.

- Тоа остана како отворено прашање. Се надеваме дека со заложбите на премиерот ќе се направат напори, но треба да се има предвид дека сега дистанцата е 17 години. Нашите загинати бранители никогаш нема да бидат заборавен, како залог за иднината и никогаш да не се повтори, рече Ангелов.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски се заложи да им се помогне на семејствата.

- Имав  средба со семејствата на загинатите бранители и мојата заложба е да им се помогне во рамките на нашите можности и тоа ќе го направиме, рече Јованоски.

Свежи цвеќиња вечерва беа положени на споменикот во прилепското село Лениште, а во манастирот „Света Петка“ во селото се одржа вечерна богослужба.

Утре изутрина, најблиските на загинатите бранители и бројни делегации ќе ги посетат нивните вечни почивалишта во Прилеп и во населените места, а делегации ќе заминат на чествување во месноста Карпалак на патоот Скопје-Тетово.

Централното чествување е утре од 13 часот во центарот на Прилеп, пред споменикот „Карпалак“.ем/скс/20:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...