Анкета МЦМС: За СДСМ би гласале 24,4 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 24 отсто

Анкета МЦМС: За СДСМ би гласале 24,4 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 24 отсто

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - На прашањето „За која партија ќе гласате доколку утре се одржат парламентарни избори“, 24,4 отсто од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, 24 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 6,9 отсто за ДУИ, 2,7 отсто за Алијанса за Албанците, 1,7 отсто за БЕСА, 2,5 отсто за други партии, а 37, 8 отсто одговориле не знам/нема да гласам.

Ова го покажале резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го спроведе агенцијата М-проспект во периодот 24 јули до 1 август 2018 година.

 

 

Според резултатите, кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ има мала предност со 31,2 отсто, наспроти СДСМ со 28,3 отсто, додека СДСМ се уште има поддршка кај осум отсто од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од еден отсто. 

Анкетата е спроведена телефонски на примерок од 1.026 испитаници постари од 18 години. рп/аа/16:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ