• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ исчисти 5.600 метри канали и речни корита

Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ исчисти 5.600 метри канали и речни корита

Куманово, 10 август 2018 (МИА) - Екипите на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во јули исчистија 5.600 метри канали и речни корита, информираа денеска од претпријатието. За оваа намена одвоени се 800.000 денари, кои се обезбедени од претпријатието.

- Исчистени се каналите во Агино Село во должина од 1.400 метри, во Умин Дол половина километар, во Ново село, 1.100 метри, во Љубодраг 300 метри, во Шупли Камен 500 метри и во населбата Карпош 1.800 метри, изјави директорот на претпријатието, Оливер Илиевски.

Во наредниот период, екипите на претпријатието ќе продолжат со расчистување на каналите и речните корита во населбата Ајдучка Чешма и во селата Тромеѓа, Зубовце, Шупли Камен. Согласно акциониот план за расчсистување и продлабочување на речните корита планирано е да се расчисти и коритото на Пчиња кај Меморијалниот Цнетар АСНОМ кое е критична точка и каде во минатото често имаше излевање на реката. Доколку се спушти нивото на реката Којнарка ќе се продожи со нејзино расчитување и продлабочување и ќе се спречи можноста од евентуално излевање.

Претходно во јуни беше продлабочено и исчистено речното корито на Липковка на потегот од село Липково до Опае во должина од 3,5 километри и каналот во Горно Којнаре во должина од 1, 5 километри. ам/рп/10:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ