УНДП ја почна изградбата на новата градинка во Шуто Оризари

УНДП ја почна изградбата на новата градинка во Шуто Оризари

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Со симболично поставување на камен темелник за новата градинка „8ми Април“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја почна изградбата на новиот објект во вредност од 700.000 долари, обезбедени од Владата на Кралството Новешка. 

- Презадоволни сме што имавме можност да се вклучиме и да помогнеме во овој многу важен проект за заедницата каде што децата се соочуваат со реален ризик да бидат изоставени во образовните достигнувања и животните можности уште од најмала возраст, истакна Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санс Бјорнштанд.

Луиза Винтон, постојана претставничка на УНДП посочи дека тие ја трансформираат катастрофата во можност, со тоа што го прошируваат капацитетот за згрижување на деца.

- Со енергетско – ефикасните елементи ги намалуваме оперативните трошоци, но и овозможуваме услови за престој на деца со попречености кои сега ќе имаат шанса да поминуваат повеќе време со своите врсници. Наша цел е исполнување на начелото „повторно да се изгради подобро“, објасни Винтон. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека секое дете е важно и овозможување на услови за подобар раст и развој на сите деца е врвен приоритет на Владата.

- Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобриме квалитетот на програмите и да вклучиме што поголем број деца кои досега немаа можност да посетуваат градинка. Досега се отворени 11 нови објекти,а до крајот на 2018 година е предвидено отворање на дополнителни 8.  Работиме и на јакнење на кадровските капацитети, односно од 1.01. 2018 година Министерството обезбеди финансиска согласност за вработување на  789 лица на неопределно време и и 50 вработување на определно време во градинките, истакна Царовска. 

Проектот го реализира УНДП во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Општина Шуто Оризари, а планирано е е изградбата да биде финализирана до март, 2019 година. см/сд/13:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...