Во Крушево завршува манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Во Крушево завршува манифестацијата  „10 дена Крушевска Република“

Крушево, 10 август 2018 (МИА) - Со спуштањето на бајракот и почесна стрелба за хеороите на Илинден и Крушевската Република, вечер на Гумење во Крушево ќе завршат годинашните 51. Научно-културни средби  „10 дена Крушевска Република“.

Од отворањето на 1 август, до денес, манифестацијата која беше во знакот на 115-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 40-годишнината од Илинденскиот марш,  понуди бројни настани, меѓу кои пречек на коњаниците од Илинденскиот марш, оддавање почит на хероите од Илинден и од Крушевската Република, чествување на празникот- 2 август, понуди театарски престави, културни и музички случувања кои го привлекоа вниманието на домашните и бројните странски гости и туристи во Крушево.

Во рамките на манифестација се одржаа и унгарска вечер, чествување за Власите и влашката култура, шампионат на Македонија на ридски патеки, концерти со класична и староградска музика, а посебно го привлече вниманието синоќешниот концерт на Влатко Стефановски во градскиот парк во Крушево.

Според крушевскиот градоначалник и претседател на Советот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Републик“, манифестацијата и годинава ја исполни целта.

- Главната цел на манифестацијата е да ги зачува традициите, придобивките и фактите за едни од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ и сите заедници што живеат во Македонија - Илинденското востание и сите настани врзани за Востанието и Крушевската Република. Воедно, да укаже на заедништвото, културното сплотување и зближувањето. Сите овие денови имавме многу гости од земјава и речиси од цел свет, а Крушево има што да им понуди - историја,  гостопримство, гастрономски специјалитети, природа и можности за развој на алтернативниот туризам, вели Христоски.

На вечерашното затворање кое почнува од 20.30 часот концерт ќе одржи Здружението на џез-музичари.ем/скс/14:36

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...