МД „Илинден“: Македонците да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат референдумот

МД „Илинден“: Македонците да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат референдумот

Дебар, 10 август 2018 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо преку денешното соопштение ги повикува Македонците во Република Албанија и ширум светот да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат претстојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година.

- Изразуваме загриженост од претстојниот референдум во Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Со индигнација ја отфрламе Спогодбата склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, затоа што со неа Владата на Република Македонија се откажува од грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните држави и во светот, стои во соопштението.

Исто така се наведува дека Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото.

Се посочува дека Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација.

- Укажуваме дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет. Поради тоа ги повикуваме Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да се евидентираат во избирачкиот список, но да го бојкотираат претстојниот референдум што ќе се одржи на 30 септември 2018 година, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо,Или Халилај. вт/мд/17:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...