• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во летниот период иселениците од Кичевско прават и до 500 веселби

Во летниот период иселениците од Кичевско прават и до 500 веселби

Кичево, 11 август 2018 (МИА) - Печалбарите во Кичевско кои доаѓаат во својот роден крај во летниот период придонесуваат за зголемување на прометот во угостителските објекти. Се проценува дека во периодот додека престојуваат се прават и до 500 свадби и други семејни веселби.

Двојно зголемување на прометот се забележува и на пазарите. Пазарџиите велат ако е како во летниот период преку целата година ќе биде одлично, ќе ни требаат и повеќе работници. 

Кичевската дијаспора има значаен удел во кичевската економија во текот на целата година,  бидеќи во континуитет праќаат пари на нивни роднини во татковината.

Се претпоставува дека само во летниот период по разни основи во Кичево се вртат пет до шест милиони евра.

Локалната власт во овој период ги презема сите мерки за услужните дејности што се во нивна надлежност да функционираат беспрекорно, а полицијата се грижи за безбедноста во сообраќајот, а првпат нема големи забелешки и за работењето на шалтерите во одделот за лични документи,

Најголеми забелешки печалбарите и оваа година имаат на услугата на граничните премини, односно на долгата процедура на македонско-српската граница.рф/скс/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...