Дванаесетта средба на пензионерите од Република Македонија

Дванаесетта средба на пензионерите од Република Македонија

Кочани, 11 август 2018 (МИА) - Близу илјада пензионери од 53-те здруженија од Сојузот на пензионери на Македонија присуствуваа на традиционалната, дванаесетта средба на пензионери во манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј.

Во име на Сојузот, пензионерите ги поздрави потпретседателот Салтир Каровски кој истакна дека средбата се организира главно заради дружење и запознавање на сопствената држава.

- Ги повикувам сите наши членови на што поголема  вклученост и активност во рамките на Сојузот и на нивните здруженија. Со тоа ќе можат да си обезбедат подобри услови за живот, за здраво и успешно стареење, нагласи Каровски.

За локалните проекти поврзани со луѓето од третата доба говореше градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

- Општина Кочани веќе поднесе апликација за изградба на старски дом за што очекуваме финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика. На тој начин ќе можеме да одговориме на потребата за грижа и нега на старите лица, како од Кочани, така и од регионот, истакна Илијев.

Еден од приоритетите во грижата за старите лица во Општина Кочани е давањето поддршка за заживување на пензионерските клубови во градот и во населените места.  та/скс/13:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ