Пет фирми заинтересирани да ја градат новата штипска градинка

Пет фирми заинтересирани да ја градат новата штипска градинка

Штип, 11 август 2018 (МИА) - Заврши тендерската постапка за пријавување на градежните компании за изградба на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“.

Трајче Стојчевски од општина Штип информира дека постапката ја спроведува Центарот за развој на Источно планскиот регион, а како што се информирани до вчера се пријавиле вкупно пет фирми кои се заинтересирани да ја градат детската градинка, која ќе биде со капацитет за околу 200 деца.

По отворањето на понудите, следи фаза на евалуација односно разгледување, споредување и оценување на понудите. По ова, ќе се утврди кои од понудувачките ги исполнуваат условите за учеството на електронската аукција. Компаниите на аукцијата ќе имаат можност да ги намалат своите првично поднесени цени. По завршување на електронската аукција, системот ги рангира фирмите според цените, а ќе биде избрана онаа која ќе понуди најниска цена.

Вредноста на проектот е 36,8 милиони денари од кои 15,9 милиони денари се од Бирото за рамномерен регионален развој. Општина Штип од буџетот за овој капитален објект има издвоено над 20 милиони денари. вдј/рп/15:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...