Кампања за еднакви права на Ромите во Кичево

Кампања за еднакви права на Ромите во Кичево

Кичево, 11 август 2018 (МИА) - Проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ имплементиран од Асоцијацијата за демократски развој на Ромите-Тетово, во партнерство со групата за малцински права од Лондон, Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ од Кичево, денес пред платото на хотелот „Арабела“ организира локална кампања.
 
Претседателот и координатор на НВО „Преродба“ од Кичево Емин Мамудоски, рече дека преку оваа кампања се промовирана ромската култура, но и да се упати апел до институциите за спречување на дискриминација и да се поттике соработка на ромските невладини организации и граѓаните од оваа заедница.
 
- Испративме порака до сите релевантни структури од сферата на образованието, здравството, социјалната заштита, домувањето и други, преку директни контакти, претставници од нашата националност да добијат поддршка за застапување и промена на дисфункционалната легилатива, истакна Мамудоски. рз/бк/17:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ