• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во Крива Паланка одбележан денот на младите

Во Крива Паланка одбележан денот на младите

Крива Паланка, 12 август 2018 (МИА) - Проблемите и потребите со кои се соочуваат младите во Крива Паланка, како и поттикнување иницијативи за активно  вклучување на младите во креирање младински политики на локално ниво со цел создавање подобри услови за нивно интегрирање во заедницата како единки кои ќе придонесат за нејзиниот развој, беа тема на тркалезната маса насловена „Младите во Крива Паланка-состојби и предизвици“ која се одржа по повод 12 август, Денот на младите.

Активноста ја организираше здружението „Центар за младински иницијативи Цик-Цак“ од Крива Паланка во рамки на проектот „Чекор поблиску“, финансиран од општината по Јавниот повик за финасиска поддршка на здружнија и фондации од Крива Паланка за 2018 година, a присуствуваа преставници од локалната самоуправа на општината, Советот на Крива Паланка, воспитно-образовните институции, Совет на млади, членови на граѓански здруженија и младински организации.

- Проектот има за цел унапредување на општествената состојба на младите во Крива Паланка преку дефинирање на потребите на младите и јакнење на врските помеѓу младите, младинските организации и општината.  Во рамки на тркалезната маса, беа презентирани резултати од анализата на анкетниот прашалник кој го спроведовме во соработка со Центар за интеркулутрен дијалог од Куманово, а е спроведен на репрезентативна бројка од 312 лица на возраст од 14-29 години, информира Димитар Петровски, проект-менаџер.

Следна фаза од овој проект е издавање публикација за конкретните анализи, заклучоци и препораки, како и електронски пристап до анализите и податоците со кои ќе располага ова здружение.

- На овој меѓународен ден на младите ги охрабрувам сите млади сами да застанет силно и исправено, да се изборат за своите права и потреби и да бидат активни чинители во градењето на општеството, додаде Петровски. ид/аа/16:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ