Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти

Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти

Струмица, 13 август 2018 (МИА) - Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти во 1951 година - Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев, денеска беа одбележани 67 години од нивното убиство.

За животот и делото на петтемина студенти зборуваше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници. Тој ги повика МАНУ, Архивот на Република Македонија и Институтот за национална историја да пројават желба и да добијат соодветна поддршка од Владата за научно истражување на настанот со убиството на петтемина струмички студенти.

- Историскиот факт за струмичката студентска петорка и другите злодела на комунистичкиот режим треба да се истражат и целосно да се расветлат, како за македонската јавност, така и за меѓународната и пред се поради националните и државните интереси на Република Македонија, порача Никола Андонов, претседател на на Здружението на политички затвореници.

Пет струмички студенти годишнина

Пред споменикот на петтемина убиени струмички студнти цвеќе положија членови на нивните семејства, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции.

Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица говореа поезија, а на гробиштата во Струмица беше одржана панахида за петтемина струмички студенти.

Тие се убиени на 13 август 1951 година на планината Беласица, наводно во обид нелегално да ја поминат границата и да побегнат од Македонија. рт/хс/12:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...