Млади од Делчево, Виница и Пехчево на работилница за нивната улога во евроинтеграцијата

Млади од Делчево, Виница и Пехчево на работилница за нивната улога во евроинтеграцијата

Делчево, 13 август 2018 (МИА) - Во рамките на проектот Rural youth assisting Macedonia in EU integration, денеска во Делчево се одржа работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија.

Освен млади од Делчево, на работилницата имаше и учесници од Виница и Пехчево кои на интерактивен начин и преку работа во групи се информираа и мотивираа во делот на моќта која тие ја имаат кон успешната евроинтеграција. Со овој проект, тие треба да се стекнат со вештини и со тоа да се вклучат во креирање на локалните политики.

Според Сашо Петровски од Фондацијата за поврзување на природни вредности и луѓе - подружница во Македонија, после оваа работилница следува период кој треба да вроди со доста резултати, меѓу кои и вмрежување на младите од истокот и југоистокот, за да се разбуди интересот кај нив и да се направи чекор понапред кон евроинтеграцијата.

- Овие проекти се добра можност секој да каже и да сподели нешто. Јас сум убеден дека овие млади луѓе ќе научат нешто повеќе за тоа што е Европската Унија, што ни нуди, зошто внатре во неа или не, кои се можностите за младите и нивно вработување, кои се можностите за образование, односно како младите и од руралните средини евентуално би влијаеле на промените на местото во кое што живеат, вели Петровски.

Проектот е дизајниран со цел да ги поттикне младите од руралните средини и граѓанските организации од Источниот и Југоисточниот плански регион во Македонија да придонесат во демократските процеси на владеење вклучувајќи ги сите засегнати страни, како и поттикнување на граѓанско учество и приспособување кон предизвиците за интеграција во ЕУ.

Целите на проектот се подобрување на капацитетот на младинските граѓански организации и младите од руралните средини за креирање и спроведување на јавните политики преку структурен дијалог со носителите на одлуки како и зајакнување на капацитетите на младите од руралните средини за подобра конкурентност на пазарот на трудот.

Инаку, европскиот проект започна да се спроведува на 19 декември минатата година, а партнери се Фондацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП) и мрежите за рурален развој на Македонија, Хрватска и Србија. вс/ев/18:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...