СЕММ објави конкурс за најдобри новинарски стории од општествено-социјалниот живот

СЕММ објави конкурс за најдобри новинарски стории од општествено-социјалниот живот

Скопје, 14 август 2018 (МИА) - Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објави конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани што ќе биде отворен до 10 септември годинава.

Јавниот повик, велат од СЕММ, е отворен за сите професионални новинари и редакции, кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес која ги задоволува етичките стандарди во новинарството, преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.

Изработената содржина може да биде во каква било новинарската форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју...). Сторијата може да биде пријавена од самите новинари и медиуми или од поединци, институции и граѓански здруженија. Бројот на сториите со кои што може да учествува еден автор или редакција е ограничен на три.

Апликациите може да се испраќаат на електронска пошта на konkurs@semm.mk, потребно е да се наведе линк до новинарската содржина и таа да се прикачи како додаток во е-пошта (pdf документ), по пошта на адреса: Совет за етика во медиумите на Македонија бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.54/2, 1000 Скопје, содржината да се достави во пет примероци и копија на ЦД (од печатените и од аудиовизуелните материјали), како и лично да се достават во просториите на Советот за етика во пет примероци (и копија на ЦД од печатените и од аудиовизуелните материјали).

Најдобрите стории ќе ги одбере жири составено од реномирани и релевантни претставници на професијата. Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од 700 евра (во денарска противвредност) за прво место, 600 евра за второ место и 500 евра за трето место.

Повеќе информации за конкурсот може да се добијат на телефонскиот број 02/3222-595. вј/са/13:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...