За планинарскиот марш „Голак 2018“ пријавени стотина планинари

За планинарскиот марш „Голак 2018“ пријавени стотина планинари

Делчево, 18 август 2018 (МИА) - Планинарско-спортскиот клуб „Голак“ од Делчево ги привршува подговотките за 4. Меѓународен планинарски марш „Голак 2018“ - чија крајна цел е врвот Чавка од 1536 метри. 

Четвртиот планинарски марш на Голак ќе се одржи на 26 август, а пријавувањето трае до 23 август. Маршот е поддржан од Федерацијата на планинарски спортови на Република Македонија и Општина Делчево.

Според организаторот Љупчо Чучуковски, настанот ќе биде искористен и за промовирање на новата патека која се прави преку посебен проект на Советот на млади при општина Делчево. Целта е поврзување на споредната со главната планинарска патека што води од Делчево преку манастирскиот комплекс „Св. Богородица Балаклија“ се до врвот Чавка.

Чучуновски рече дека е предвидено маршот да почне од градот Делчево, на 595 метри надморска висина, потоа преку населбата Први реон планинарите ќе се упатат кон Ветровити рид се до Богданичка полјана на 900 метри.

- Од таму преку Милосова чешма и месноста Горен Балван споредната патека ќе се спои со нашата главна планинарска патека од каде преку спортските терени на Голак ќе се упатиме до врвот Чавка. По пристигнувањето на Голак ќе следува заедничка дружба на која покрај ручек, за сите планинарски друштва и клубови кои ќе учествуваат на маршот е предвидено доделување благодарници. По одморот, од спортските терени на Голак, преку Горен Балван до Горна и Долна Богданица ќе се упатиме до Трајанов рид кон манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ од каде ќе се вратиме во Делчево, рече Чучуковски. вс/хс/12:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ