Конкурс за геофотографија 2018

Конкурс за геофотографија 2018

Скопје, 20 август 2018 (МИА) - Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” започнува серијал на тематски геофотоконкурси насочени кон природните убавини на Македонија.

Идејата е преку фотографија да се презентираат природните убавини со кои располага Македонија и кои, како што велат организаторите, да се промовираат и заштитат.

Конкурсот трае до 31 август, а победниците ќе добијат вредносни ваучери, посета на Слатинскииот извор, комплет книги од Македонското географско друштво, како и платена годишна чланарина во Истражувачкото друштво „Природник“. 

Право на учество имаат сите граѓани во Македонија. 

Сите пристигнати фотографии ќе бидат објавени на фејбук страната на Истражувачкото друштво,а во периодот од 9 до 14 септември ќе може да се гласа за нив со кликнување на „лајк“. Петнаесетте фотографии кои ќе добијат најмногу лајкови, ќе бидат презентирани на изложба и од нив ќе бидат избрани најдобрите.

Победниците ќе бидат објавени на крајот на септември на веб страницата и на фан страната на Истражувачкото друштво „Природник“. бак/са/09:49

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...