• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан Бајрам

Честитка од МД „Илинден“ по повод Курбан Бајрам

Дебар, 21 август 2018(МИА) - Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод празникот Курбан Бајрам.

Во честитката се посакува празникот да биде одбележан во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.

- Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Македонија, во Република Албанија и во целиот свет, празнувањето на Курбан Бајрам поминете го со пораки за добро здравје, среќа и бериќет во семејствата. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека израдува секого, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот Или Халилај.

Во честитката се наведува добрата мисла и добрите човекови дела да владеат како за празникот, така и во текот на целата година, Бог сите домови да ги исполни со радост, а човечкото срце со добрина во деновите на празникот, но и секој ден. вт/мд/11:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ