Екипи од Шумско стопанство „Голак“ во обиколка на теренот во Пасјак, кој беше зафатен со пожар

Екипи од Шумско стопанство „Голак“ во обиколка на теренот во Пасјак, кој беше зафатен со пожар

Делчево, 22 август 2018 (МИА) - Екипи на ЈП Шумско стопанство „Голак“ од Делчево се уште го контролираат теренот во близина на месноста Пасјак, во делчевското село Истевник, местото каде на 20 август избувна пожар и зафати шест хектари боров насад, како и овошен насад кој се наоѓал во близина.

Пожарот бил пријавен истиот ден попладне, а во неговото гаснење учествувале вработени во ТППЕ Делчево, ЈПШС „Голак",  како и месно население.

- По претходна дојава примена на ден 20 август во 12:40 часот, екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, излезе на лице место во маало Пасјак с.Истевник, каде при забележаната појава на пожар интервенирано е со едно теренско возило и тројца пожарникари. Во пожарот зафатена е млада и стара борова шума како и овошен насад, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Површината која била зафатена од огнената стихија, изнесувала околу 60 декари, а целата интервенција траела повеќе од шест часа, по што пожарот бил ставен под контрола.

- Акцијата континуирано траеше нешто повеќе од шест часа, а отежнителна околност при гаснењето на пожарот беше појавата на ветар. Пожарот беше изгаснат околу 20 часот, по што нашите пожарникари се вратија во Делчево, велат од ТППЕ Делчево.

Во гаснењето на пожарот учествувале и шест лица од ЈПШС „Голак" и четири лица од месното население, а поради ризик од повторна појава на пожарот екипи од ЈПШС „Голак" Делчево останале во обиколка на теренот.

Се уште нема официјална информација за причината за пожарот. вс/рп/13:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...