Промоција на публикацијата за притисоци врз новинарите

Промоција на публикацијата за притисоци врз новинарите

Скопје, 23 август 2018 (МИА) - Во ЕУ Инфо центар денеска ќе се одржи дебата и промоција на публикацијата „Невидливо насилство: Стории од редакциите” која се однесува на состојбите во медиумите во Западен Балкан: Дали новинарите и новинарките имаат иднина да се бават со својата работа во редакциите во кои работат? 

Станува збор за повеќемесечно истражување во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, во тек на кое се собрани сведочења на новинари за интерни притисоци со кои се соочуваат во секојдневната работа.

За сведочењата кои се обединети во публикацијата, како и заклучоците ќе зборуваат новинарките кои работеа на проектот: Уна Хајдари (Косово), Биљана Секуловска (Македонија) и Жарка Радоја (Србија).

Проектот „Невидливо насилство: Стории од редакциите” е реализиран преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независното здружение на новинарите во Србија, Здружението на новинарите на БиХ, Хрватското новимарско здружение, Здружението на новинарите во Македонија и Синдикатот на медиумите во Црна Гора.

Поддржан е од ЕУ и е дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување”. мч/са/07:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...