• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Зголемен интересот за згрижување деца без родители во Куманово

Зголемен интересот за згрижување деца без родители во Куманово

Куманово, 23 август 2018 (МИА) - Се зголемува бројот на семејства кои сакаат да згрижат деца без родители и родителска грижа во Куманово. Според надлежните, ова се должи на националната кампања што ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работа, Александра Арсовска истакна дека во текот на изминатиот период е намален бројот на деца сместени во големите институции и до крајот на годината се очекува сите да бидат сместени во згрижувачки семејства или мали групни домови. Како што посочи, потребно е заинтересираните згрижувачи да поднесат барања, да поминат обука и на тој начин да станат дел од системот на згрижувачи со цел во секој момент да има интервентно сместување. 

- Заинтересираните треба да се полнолетни, да не им е одземена деловната способност, да се психо-физички здрави, да го имаат решено станбеното прашање. Приоритет не треба да биде материјалната добивка која семејството треба да ја добива, туку љубовта и желбата да се згрижи дете, додава Арсовска.

Директорката Арсовска изрази надеж дека во наредните години со одредени законски измени паричниот надомест кој го добивааат згрижувачите ќе биде зголемен.ам/са/13:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ