• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резеристи во Гостивар

Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резеристи во Гостивар

Гостивар, 26 август 2018 (МИА) - Роднини, пријатели, претставници од полицијата и бранители положија цвеќе и запалија свеќи пред спомен плочата во гостиварската населба Циглана, во знак на почит кон Александар Николиќ и Даил Јанкоски полициски резервисти кои беа убиени во 2002 година.

На местото каде што беа застрелани додека беа должност на полициски пункт беше отслужена панихида.

Од собирот од здружението на бранители Бедем порачаа вакви таргедии повеќе да не се повторат и дека никогаш нема да ги заборават колегите кои загинале во одбрана на Македонија.

 Букети цвеќе за Александар и Даиљ беа положени и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта. Погибијата на двајцата резервисти, сé уште до крај не е расветелна и не е познато, кој и зошто пукаше во нив додека беа на полициски пункт во населбата Циглана со што беа прерано ги прекинати животите на двајцата, а еден резервист во таа ноќ беше ранет.згм/лв/12:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ