Избран најдобриот рудар во рудникот „Саса“

Избран најдобриот рудар во рудникот „Саса“

Македонска Каменица, 28 август 2018 (МИА) - Душко Тодоровски е прогласен за најдобар рудар во рудникот „Саса“ за 2018 година. Оваа награда Тодоровски ја доби за своето 28-годишно работно искуство, несебичното залагање во развојот на рудникот и за особениот интерес во обучувањето на младите рудари.

- Јас сум машинист на тролеј локомотива во рудникот и моја задача во изминатите 28 години беше да се грижам за безбедноста на рударите. Оваа награда за мене е многу значаена, бидејќи за да се биде машинист на тролеј локомотива значи да се биде одговорен за безбедноста на рудникот, истакна Тодоровски.

За Тодоровски, измените во законот со кои ќе се олесни заминувањето во пензија е од огромно значење за професијата рудар.

- Со новиот закон за пет-шест месеци ќе заминам во пензија. Моето мото е секој да си го зачува своето работно место, а потоа да ги обучиме младите да не заменат, рече Тодоровски.

Директорот на рудникот Олег Толној истакна дека безбедноста на вработените ќе остане да биде приоритет и во следниот период.

По повод Денот на рударите им беа врачени благодарници на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и актуелната градоначалничка Соња Стаменкова. вс/бак/18:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...